OSHwiki е онлајн енциклопедија која вклучува статии напишани од EU-OSHA или од независни автори на кои EU-OSHA им овозможила пристап.
Иако поголемиот дел од статиите вклучени во OSHwiki се на англиски јазик, постојат неколку статии кои спаѓаат во следниве категории:
- Статии оригинално поставени на англиски, кои се преведени на други јазици. Овие статии може да се преведени од EU-OSHA или од независен автор. Во вториот случај, делови од статијата може да се приспособени на националниот контекст.
- Статии кои се директно поставени на OSHwiki на други јазици освен англискиот. Овие статии се поставени од независни автори.
Доколку статијата е достапна на други јазици, таа ќе биде означена во менито од левата страна на страницата. EU-OSHA не презема никаква одговорност во однос на точноста на содржината на соодветната статија доколку истата е преведена или директно поставена од независен автор на англиски или на кој било друг јазик.

